Американскиот сенатор Чарлс Шумер смета дека претседателот на Русија, Владимир Путин знаел за плановите на поранешниот соработник на ЦИА, Евард Сноуден да полета од Хонгконг во Москва. Ова го пренесува Ројтерс.
„Путин никогаш не пропушта шанса да се судри со САД - било да е тоа Сирија, Иран или сегашната ситуација со Сноуден“, изјави Шумер за CNN. Сенаторот изјави дека оваа позиција нема најдобро да влијае на руско-американските односи.
Шумер смета дека организирањето на бегството на Сноуден од САД е дело и на Кина, и смета дека „сојузниците работат слично еден со друг“.
Претходно портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека нему ништи не му е познато за плановите на Сноуден. Притоа Песко изјави дека ако Сноуден побара политички азил во Русија, неговото барање ќе се разгледа.
29-годишниот Едвард Сноуден, кој до 2009 година работел во ЦИА, во јуни 2013 година им предаде на новинарите податоци за тајната програма PRISM, со чија помош специјалните служби на САД масовно ги прислушуваат телефонските разговори на граѓаните, а исто така ја следат нивната работа на Интернет. Тој изјави дека на тој начин властите можат да ги контролираат не само осомничените за тероризам, туку и сите останати. Покасно тој за „тотално следење“ ги обвини и властите на Велика Британија.
Утрово стана јасно дека Сноуден полета од Хонгконг во Москва, од каде најверојатно ќе оди на Куба, па во Венецуела. Во Москва сноуден треба да помине еден ден. Се смета дека него го зел автомобил со дипломатски таблички.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче