Претседателот на Русија, Владимир Путин и германската канцеларка, Ангела Меркел во петокот посетија изложби во Ермитаж посветени на древната историја на Европа.
Изложбата „Бронзен век. Европа без граници - 4-1 илјадалетие пред нашата ера“ за прв пат ги претставува етапите на развој на културите во бронзената ера од крајбрежјето на Атлантскиот океан до Урал. На широката публика ѝ е дадена можност за прв пат да ја погледне „првата заедничка европска епоха“ и периодот на развој на разни народи во бронзената ера.
Освен тоа, Путин и Меркел ја посетија изложбата „Против светлината“. На експозицијата се претставени најдобрите дела од германски уметници од ХХ век.
На изложбата Путин предложи Русија и Германија да земат пример од тоа како работат специјалистите на двете држави во областа на културата, тргнувајќи од нивниот деполитизиран приод. „Посебно пријатно е тоа што германските и руските специјалисти многу години заедно работат и ни даваат можност да се запознаеме со уникатните уметнички дела од минатото кои не обединуваат, и притоа тоа го прават вон секој политички контекст од современото време“, изјави претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче