Преведувачот во советската амбасада во Берлин за случките на 22 јуни 1941

Што се случувало во Берлин на 22 јуни 1941 година?

Во 13:00 часот на 21 јуни војската на вермахтот добила кодиран сигнал „Дортмунд“. Тоа означувало дека на 22 јуни во 3:30 часот ќе започне нападот на копнените војски и авијацијата преку границата на СССР.

„Ако метеоролошките услови ја задржат авијацијата, тогаш копнените војски самостојно ќе започнат со ударот.“. Ваква наредба добил началникот на штабот на Врховната команда на копнените војски на вермахтот, генерал-полковник Франц Галдер на 10 јуни.

Валентин Бережков, преведувач во советската амбасада во Германија, се присетува што се случувало таа ноќ на нападот:

Берлин. 22 јуни, 5 часот по московско време

„Наеднаш во 3 часот ноќта, или 5 часот по московско време (веќе беше недела, 22 јуни), заѕвони телефонот. Некој непознат глас соопшти дека рајх-министерот фон Рибентроп ги чека советските претставници во својот кабинет во министерството за надворешни работи на Вилхелмштрасе. Уште со тој писклив непознат глас и од доста официјалната фразеологија - нешто не мирисаше како што треба.

Заминувајќи на Вилхелмштрасе, ние видовме толпа луѓе покрај зградата на министерството за надворешни работи. Иако веќе беше зора, влезот со железна завеса беше силно осветлен од проектори. Наоколу безброј новинари се туркаа. Во главата ми светна мисла - зар ова може да е војна?

Во канцеларијата на министерот водеше еден долг ходник. Вложд ходникот стоеја некакви луѓе во униформи. Кога се појавивме тие ги подигаа рацете со познатиот фашистички поздрав. На крај ние се најдовме во кабинетот на министерот Рибентроп.

Во длабочината на собата стоеше една работна маса зад која седеше Рибентроп во сиво-зелената министерска униформа. Кога ние дојдовме до работната маса, Рибентроп стана, молчејќи кимна со главата, ја подаде раката и не покани да одиме во спротивниот агол на салата каде се наоѓаше кружна маса. Тој одеше пред нас со спуштена глава и по малку кривејќи. „Да не е пијан?“, ми дојде во главата. Откако седнавме, Рибентроп почна да зборува и мојата претпоставка се потврди. Се гледаше дека се напил.

Советскиот амбасадор не можеше да го прочита извештајот кој го зеде со себе. Рибентроп, гласно рече дека сега ќе стане збор за нешто сосема друго. Му се врзуваше јазикот речиси на секој збор, но сепак, почна да објаснува дека германската влада располага со информации за релативно засилена концентрација на советските војски на германската граница. И покрај тоа што германската страна со недели претходно ја нарушуваше границата на СССР, Рибентроп изјави дека советските војници ја нарушувале германската граница и се задржувале на германска територија, иако такви факти воопшто немаше.

Понатаму Рибентроп појасни дека тој накратко ќе го изложи меморандумот на Хитлер, чиј текст тој нам исто така ни го даде. Потоа Рибентроп кажа дека во новосоздадената ситуација ја загрозува Германија, баш во момент кога истата војни војна со англосаксоните. Сето тоа, изјави Рибентроп - германската влада го смета како намера на СССР да нанесе удар во грбот на германскиот народ. Фирерот не може да трпи таква опасност и решил да преземе мерки за обезбедување на сигурноста на германската нација. Решението на фирерот е конечно. Пред еден час германските војски ја преминаа границата на СССР.

Потоа Рибентроп почна да не уверува дека дејствата на Германија не се агресија, туку само одбранбени акти. После тоа Рибентроп стана и се исправи, обидувајќи се да придаде себе си свечен изглед на германски чиновник. Но во неговиот глас јасно недостасуваше тврдост и увереност кога тој рече:

„Фирерот ми нареди официјално да ви пренесам за овие одбранбени акции...“

Ние исто така станавме. Разговорот беше завршен. Сега веќе знаевме дека муницијата, ракетите, артилеријата, војниците веќе јуришаат на нашата земја. После ова војната официјално беше објавена. Веќе не можеше ништо да се измени. Пред да заминеме, советскиот амбасадор рече:

„Ова е дрска и со ништо не испровоцирана агресија. Ќе зажалите што извршивте таков разбојнички напад на СССР. Колку само скапо ќе платите...“

Ние заминавме накај излезот. И овде се случи нешто доста неочекувано. Рибентроп трчаше по нас. Тој почна да не уверува дека тој лично бил против тоа решение на фирерот. Тој ни кажуваше дека тој се обидел да го разубеди Хитлер да не го нападне СССР. Лично тој, Рибентроп, го смета тоа за безумие. Но ништо не можел да направи. Хитлер го донел решението и никого не сакал да слуша...

„Пренесете во Москва дека јас бев против тој напад“, ги слушнавме последните зборови на германскиот министер кога заминувавме во ходникот. (Бережков В.М. “Страници од дипломатската историја“, 1987).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња