Русија воведува забрана за посвојување на деца од странци-хомосексуалци

Овој закон целосно го поддржува Руската православна црква.

Во вторникот на 18 јуни, долниот дом на рускиот парламент со 443 гласа „за“ од 450 го донесе законот со кој се забранува посвојување на руски деца од странци-хомосексуалци кои се во брак, како и од странци кои не се во брак, а живеат во држави каде хомосексуалните бракови се дозволени.

Овој закон целосно го поддржува Руската православна црква.

Во последниве 12 години хомосексуалните бракови се озаконети во Аргентина, Белгија, Бразил, Данска, Исланд, Шпанија, Канада, Холандија, Норвешка, Португалија, Шведска, Јужна Африка, а исто така и во 14 држави во САД. Во август кон овој список ќе се приклучат Уругвај и Нов Зеланд.

Во 2012 58% од руските дева биле посвоени од странци кои живеат во тие земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња