„ВКонтакте“ ветува дека ќе остави „најголем дел“ од музиката која се наоѓа на серверите на руската социјална мрежа, изјави портпаролот на ВКонтакте, Георгиј Лобушкин.
„Најголемиот дел од музиката, како и досега, ќе остане во социјалната мрежа. Дури и музичарите кои не се плашат да ја споделат својата музика и творештво бесплатно нема да исчезнат од интернет-страницата. Музика на овој свет има многу, и никој никому не може да му забрани нешто да слуша или да му наметне што да слуша“, напиша Лобушкин на својата страница во социјалната мрежа.
Тој објасни дека администрацијата на „ВКонтакте“ секогаш ги бриши аудио и видео записите кога за истите ќе се пожалат сопствениците на авторските права, а во последно време се појавуваат повеќе такви барања.
Според зборовите на Лобушкин, што ќе се остави, а што ќе се избрише не решава администрацијата на социјалната мрежа, бидејќи тоа не зависи од неа. „Ние не сакаме да ја избришеме сета музика, или само странската или само руската, само рок музиката или само поп-музиката – ние отстрануваме конкретни композиции на одредени групи или пејачи. Тој избор од нас не зависи“, соопшти тој.
Во меѓувреме некои корисници на социјалната мрежа повикуваат да се избришат корисничките профили како протест.
На 14 јуни Думата донесе закон за борба против пиратските материјали, со што се определува механизмот на блокирање на интернет-страниците кои незаконски ставаат филмови и музика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче