Русија ќе претстави макета на две нови вселенски летала на „МАКС“

Станува збор за вселенски бродови кои ќе го остварат својот прв лет во 2018 година.

Модели на новите вселенски летала ќе бидат претставени на Меѓународниот аеромитинг „МАКС“ кој ќе се одржи во август во градот Жуковски во близина на Москва, соопшти шефот на Федералната вселенска агенција Роскосмос, Владимир Поповкин.

Станува збор за вселенски бродови кои ќе го остварат својот прв лет во 2018 година.

Поповкин подвлече дека претстои задача да се усогласат човечките способности со потребите на науката, на што Роскосмос активно работи во соработка со Академијата на науки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.