Путин: „Европа ја уништи паразитизам“

Претседателот на Русија, Владимир Путин смета дека клучот за денешните проблеми во европската економија не е во социјалната политика, туку во нејзината неефикасност.

Претседателот на Русија, Владимир Путин смета дека клучот за денешните проблеми во европската економија не е во социјалната политика, туку во нејзината неефикасност. Тој изјави во интервју за РИА Новости: „Во многу европски земји паразитизмот процвета, па неработењето е многу поисплатливо од работењето“, истакна Путин и додаде: „Тоа не ја загрозува само економијата, туку и моралните основи на општеството. Не е тајна дека многу државјани на помалку развиените земји доаѓаат во Европа за да се „закачат“ на социјална помош, како што се кажува во Германија. За Русија ваквиот пристап е неприфатлив“.

Путин воедно смета дека е рано да се зборува за „погребување“ на европскиот социјален модел. Според неговите зборови, водечките европски земји сега спроведуваат структурни реформи, се борат со невработеноста, а нивниот пристап кон буџетската дисциплина станува пофлексибилен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња