Светското фудбалско првенство во Русија ќе чини милијарди

„Се работи за огромни средства кои ќе бидат употребени максимално ефикасно и транспарентно“, подвлече Медведев.

Трошоците за организирање на Светското првенство во фудбал во Русија ќе изнесуваат околу 22 милијарди долари - ова го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на седницата на владата. Според неговите зборови, повеќе од половина од средствата ќе бидат обезбедени од федералниот буџет.

„Се работи за огромни средства кои ќе бидат употребени максимално ефикасно и транспарентно“, подвлече Медведев.

Тој смета дека светското првенство „е добра можност да се привлечат инвестиции“. Во рамките на припремите за првенството ќе бидат изградени или реконструирани 12 стадиони и 113 терени за тренинзи. „После завршувањето, овие објекти ќе бидат отворени за руските спортисти“, рече премиерот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња