После 2016 година Русија може да има тешкотии со балансирањето на буџетот, изјави министерот за финансии Антон Силуанов после обраќањето на Владимир Путин за идниот буџет.
„Направената прогноза за буџетската стратегија зборува дека најмногу проблеми околу урамнотеженоста на буџетот ќе има од 2016 година“, изјави Силуанов.
Според зборовите на министерот, уште сега треба да се направат поправки во буџетот и да се подготви владата за вакво сценарио.
Силуанов подвлече дека пред Русија стојат уште три поголеми задачи: реализација на новата федерална програма за развој на Далечниот Исток, изградба на нова железничка линија од Москва до Казањ како и одржување на Светското фудбалско првенство во 2018 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче