Претседателот на Русија, Владимир Путин може да се соочи со „опозициски главен град“, благодарејќи на изборите за градоначалник, се кажува во статија на Bloomberg. Како што напомнува авторот на статијата, имено овој град е лидер во Русија според големината на протесното движење. Тој смета дека решението на Сергеј Собјанин да си даде оставка ја изненади опозицијата, со што ѝ се даваат само неколку месеци за подготовка на кампањата.
Притоа, како што смета новинарот, најсериозните соперници на Собјанин ќе бидат дисквалифицирани. Тој смета дека тоа може да се случи со кандидатите како Михаил Прохоров и Алексеј Наваљни. Но дури и да излезат на избори, тие имаат малку шанси за победа, бидејќи Собјанин ја има поддршката од повеќето московјани, смета авторот на статијата.
Опозицијата, според авторот на статијата, може да им предложи на московјани малку, бидејќи тие сакаат да добијат градоначалник кој ќе ги реши транспортните проблеми и ќе ја задржи чистотијата во парковите, и, секако, нема да „војува“ со Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче