„Роснефт“ и ExxonMobil ќе изделат 450 милиони долари за истражување на Арктикот

Компанијата „Роснефт“ и американската корпорација ExxonMobil потпишаа во вторникот во Вашингтон договор за создавање на Арктички научен центар.

Компанијата „Роснефт“ и американската корпорација ExxonMobil потпишаа во вторникот во Вашингтон договор за создавање на Арктички научен центар, за чие финансирање ќе бидат изделени речиси 0,5 милијарди долари, пренесува РИА Новости.

Освен тоа, страните се договорија за заедничко користење на технологиите во различни региони во светот. Договорите се потпишани од претседателот на компанијата „Роснефт“, Игор Сечин и претседателот на компанијата ExxonMobil, Сатој Ортуејн во присуство на претседателот на советот на директори и шефови на копорации на ExxonMobil.

„Еколошката безбедност е приоритет во нашата дејност, и ние сме убедени дека технологиите кои ќе бидат создадени во Арктичкиот центар, ќе ни дозволат да создадеме наши заеднички проекти максимално безбедно и ефективно во интересите на сите учесници во освојувањето на Акртикот“, изјави Сечин на церемонијата на потпишување на договорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.