„Ведомости“: Кина се занимава со сајбер-шпионажа против Русија

Кина шпионира многу влади во светот, вклучувајќи ја и руската.

Кина шпионира многу влади во светот, вклучувајќи ја и руската. Освен владите, шпионската дејност ја опфаќа воената и научната сфера, како и амбасадите во светот, открија специјалистите во „Лабораторијата Касперски“, пишува „Ведомости“.

Компанијата го претстави извештајот за шпионската активност на компјутерската мрежа NetTraveler, која заразила 350 системи во 40 држави во светот. Најмногу настрадале од оваа мрежа Монголија, Русија, Индија и Казахстан.

Најпрвите верзии од овој систем се појавиле во 2005 година, а највисоката активност била забележана од 2010 до 2013 година. Програмата ги заразувала компјутерите преку електронска пошта користејќи недостатоци во Microsoft Office.

Во Русија хакерите од NetTraveler краделе информации за работата на владините институции, воените, финансиските и научните организации, како и од претпријатијата од вселенската сфера. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.