Губернаторот на Пензенската област, Василиј Бочкаер, во рамките на кампањата за здрав живот во регионот, даде наредба на чиновниците да слабеат, пренесува ИТАР-ТАСС. На министерот за здравство на регионот му било препорачано за половина година да ослаби 16 килограми. Соодветни препораки добија и министерот за шумско стопанство и природни ресурси, Николај Аргаткин и заменикот на претседателот на локалниот комитет за спорт, Владимир Жучков.
На раководителите во здравствената, образовната и спортската сфера губернаторот им препорача: „Не си ослабел, не си се средил - замини од владата!“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче