Русите за новогодишните празници следната година ќе одмораат 8 дена

Владата на Русија го прифати предлогот за пренесување на неработните денови во 2014 година. Соодветниот документ го потпиша премиерот Дмитриј Медведев, соопшти прес-службата на владата.

Владата на Русија го прифати предлогот за пренесување на неработните денови во 2014 година. Соодветниот документ го потпиша премиерот Дмитриј Медведев, соопшти прес-службата на владата.

„Со цел порационално да се искористат неработните празнични денови во 2014 година, предвидено е 4 и 5 јануари (викенд денови) да се преместат на 2 мај и 13 јуни. Сметајќи дека 23 февруари ќе се падне во недела,се предлага истиот да се пренесе на 3 ноември“, се кажува во решението на владата.

Со самото тоа, во зимскиот период Русите ќе одмораат 8 дена, од 1 до 8 јануари 2014, во февруари ќе одмараат на 22-24 февруари, во март од 8 до 10 март, во мај од 1 до 4 мај и од 9 до 11 мај, во јуни од 12 до 15 јуни, а во ноември од 1 до 4 ноември.

Решението е објавено на официјалната интернет-страница на владата на Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.