На 1 јуни 1804 година во Русија на свет се појавил Михаил Глинка, еден од најпознатите руски композитори.
Михаил Глинка е основоположник на руската класична музика. Неговите дела извршиле огромно влијание на понатамошниот развој на руската класична музика. Неговото влијание посебно се рефлектирало на Петар Илич Чајковски и на другите руски композитори.
Тој е автор на операта „Руслан и Људмила“, „Живот за царот“, многу симфониски дела, романси и песни („Фауст“, „Молитва“ и др.).
Во периодот од 1991 до 2000 година, патриотската песна од Михаил Глинка, напишана во 1833 година, била официјална химна на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче