Русија си ги враќа пазарите за извоз на оружје

Во четвртокот во Јордан се отвори фабрика за производство на руски фрлачи на гранати РПГ-32. На церемонијата на отворањето присуствуваше шефот на корпорацијата „Ростех“, како и претставник на новите власти на Либија, кои покажаа заинтересираност за возобновување на прекинатите контакти и договори со Русија поради граѓанската војна во таа земја. Во меѓувреме - испораките на оружје во Ирак од Русија веќе започнаа.

Шефот на „Ростех“, Сергеј Чемезов, и кралот на Јордан, Абдула Втори, во четвртокот во таа држава ја отворија руската фабрика за производство на оружје, а го искористија моментот и да зборуваат за набавка на други видови оружје. Производниот комплекс се наоѓа на 20 километри на север од главниот град на Јордан, Аман.

До мај 2013 година Русија му продала на Јордан воена техника и вооружување за сума од 40 милиони долари, вклучувајќи и авиотехника, оклопна техника и пушки.

Шефот на „Ростех“ изјави дека руската страна веќе доби аванс за договорот за испорака на руско оружје во Ирак. „Договорот со Ирак е склучен, стапи во сила, производството е започнато...“. Договорот со Ирак вреди 4 милијарди долари.

На церемонијата на отворање на претпријатието во Јордан, Сергеј Чемезов зборуваше и со претставник на новите власти на Либија, кој побара да се возобноват претходно договорените испораки на руско оружје, но и да се склучат нови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.