Нетанјаху им забрани на своите министри јавно да зборуваат за С-300

Израел загрижен за испораката на С-300 во Сирија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им забрани на своите министри јавно да зборуваат на темата за испорака на руските противракетни комплекси С-300 во Сирија, соопшти израелската телевизија.

Одлуката на премиерот телевизијата ја поврзува со вчерашната изјава на министерот за одбрана, Моше Ајалона, дека Израел „знае како да се однесува“, доколку Русија не ги послуша нивните барања и испрати С-300 на сириската војска.

Некои медиуми ги толкуваат зборовите на Ајалон како закана за употреба на сила за да се спречи испораката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња