Отворениот концерт „Со посвета на Сергеј Рахманинов“, денес ќе се одржи во московскиот Горки парк во рамките на XIII фестивал на уметноста „Црешова шума“. Овој фестивал ќе ги обедини љубителите на музиката кои на овој ден го одбележуваат и денот на граничарите, смета учесникот во концертот, пијанистот Денис Мацуев.
Програмата од опусот на Рахманинов, во чест на 140-годишнината од раѓањето на композиторот, ќе биде исполнета од Државниот симфониски оркестар на Република Татарстан.
„Опен ер“ - тоа е секогаш прекрасно, забележа Мацуев. Лето, воздух и класична музика, што може да биде подобро од тоа? Културата на отворени концерти сѐ уште не е развиена, и ова е шанса да се промени нешто на тој план.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче