Војската нарача специјално возило за евакуација на руските генерали и офицери

Ново возило за високата воена команда на Русија.

Руското министерство за одбрана нарача создавање на специјално возило-гасеница, со кое ќе може да се евакуира високата команда од зоната на нуклеарна и хемиска контаминација.

Возилото за евакуација треба да обезбеди заштита на патниците од оган од секаков вид на рачно оружје, вклучувајќи фрлачи на гранати, експлозии на мини, а самостојно ќе може да функционира најмалку 36 часа во услови на голема контаминација со радијација.

Возилото ќе биде опремено со средства за комуникација и ќе има директна комуникација со раководството на Русија и со стратешките сили. Во возилото ќе има тоалети и места за одмор. На возилото ќе има камери кои ќе вршат надзор 360 степени околу возилото.

Други детали за новото возило не се познати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња