Огнот на Универзијадата-2013 гори во Сочи

Патување околу светот на брод и 150.000 километри по копно со огнот на Универзијадата.

Екипа од 21 спортист, волонтери и партнери на Универзијадата, го доведе главниот симбол на Светските студентски игри на улиците и плоштадите на идниот главен град на Олимписките игри. Тие трчаа два километра: имено толку изнесува растојанието од Зимскиот театар до плоштадот на морското пристаниште во Сочи.

Ќе потсетиме дека минатата година во Франција се одржа церемонијата на палење на огнот, каде пред 90 години се отворија првите студентски спортски Игри. Во церемонијата учествуваше претседателот на меѓународната федерација на студентскиот спорт, Клод-Луи Гален, ректорот на универзитетот Сорбона - Жубер Бартоломи, а исто така и првиот претседател на Татарстан, Минтимер Шајмиев. Правото да го запалат огнот на Универзијадата го добија пет студенти од Сорбона, кои ги претставуваа петте континенти на Земјата.

Потоа огнот симболично замина на патување околу светот на бродот „Седов“, додека на копно огнот треба да го носат 2013 факелоносци кои ќе се менуваат и ќе преминат повеќе од 150.000 километри, движејќи се по териториите на различни држави.

Руската етапа на штафетата за Универзијадата започна на 25 јануари и ќе помине низ 30 градови во државата каде се наоѓаат најголемите студентски центри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.