За најдобра балерина во светот е прогласена Русинката Олга Смирнова

Руснка е прогласена за балерина на годината.

Солистката на Бољшој театарот, Огла Смирнова, за време на првото патување во Јапонија го освои признанието и почитта од странската публика. Таа на патувањата и гостувањата добивала популарност, поради што и се стекнала со премијата „Бенуа“ - најдобра балерина на годината.

Самата балерина не ни мислела дека ќе биде прогласена за балерина на годината во светот. Патот во Токио таа го планирала долго пред да се определи кај кого ќе падне наградата. Изборот на меѓународното жири за неа било тотално изненадување.

Статуетката за „балетниот Оскар“ ќе ѝ биде доделена на Олга во текот на следната недела, а после враќањето во Москва таа ќе почне да се подготвува за новата улога во претставата „Евгениј Онегин“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.