Думата на 21 мај во второто читање го изгласа законот за заштита на чувствата на верниците, пренесува РИА Новости.
Во текстот на законскиот проект внесени се дополнителни измени пред да биде по втор пат читан и гласан. Максималното лишување од слобода за јавна навреда на чувствата на верниците се намали од 5 на 3 години. Со другите санкции се предвидува јавна работа или казна во големина до 750.000 денари.
Законскиот проект за заштита на чувствата на верниците е внесен во Думата во септември 2012 година, веднаш откако е донесена пресудата за групата Pussy Riot.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче