Москва предупредува дека постојат обиди за спречување на меѓународната конференција во Сирија

Русија нагласува дека постојат обиди да се спречи одржувањето на меѓународната конференција во Сирија.

Русија нагласува дека постојат обиди да се спречи одржувањето на меѓународната конференција во Сирија, чија иницијатива потекнува од Москва и Вашингтон во преговорите одржани во мај, изјави претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Лукашевич на брифингот во петокот.

Станува збор за обиди да се стават тесните политички интереси над главната цел - да се прекине крвопролевањето и да се осигури успехот на меѓународните напори „ во корист на воспоставување на меѓусириски дијалог“, изјави тој. Дипломатот го повика претставникот на сириската опозиција да се согласи да учествува на конференцијата за Сирија без никакви предуслови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња