Советот на директори во КАМАЗ реши да им исплати дивиденди на сите кои поседуваат акции на фирмата. Предвидено е за дивиденди да се потрошат 10% од чистиот профит на фирмата, пренесува официјалната интернет-страница на компанијата.
Чистиот профит во минатата година изнесуваше 120.000.000 евра, што значи дека ќе бидат исплатени 12.000.000 евра дивиденди. Капиталот на акции изнесува 707.230.000 акции, што значи дека за секоја акција акционерите ќе добијат по речиси еден денар.
Дивиденди оваа компанија не исплаќала од 1992 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче