Претседателот на Иран ќе ја посети Русија во јули

Претседателот на Иран, Махмут Ахмадинеџад, како што се очекува, ќе ја посети Русија на 1-2 јули.

Претседателот на Иран, Махмут Ахмадинеџад, како што се очекува, ќе ја посети Русија на 1-2 јули, соопшти амбасадорот на Иран во Москва, Махмуд Реза Саџади.

„На 1-2 јули во Русија се одржува форум на државите кои извезуваат гас и претседателот на Иран е повикан да учествува“, изјави дипломатот во саботата за време на состанокот со руските новинари.

Лидерот на иранската дипломатска мисија потсети дека на 14 јуни во Иран се одржуваат претседателски избори, меѓутоа, без разлика како и да завршат, Ахмадинеџад ќе биде претседател на државата уште 1,5 месец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња