Foreign Policy: „студените односи“меѓу Русија и САД станаа уште постудени

„Студените односи“ меѓу Русија и САД станаа уште постудени, пишува Foreign Policy.

„Студените односи“ меѓу Русија и САД станаа уште постудени, пишува Foreign Policy. Според мислењето на изданието, задржувањето на агентот на ЦИА од руските специјални служби позабавува многумина и во Русија, но и вон неа, иако официјална Москва ен гледа ништо смешно во „шпионскиот скандал“.

И покрај изјавите за плановите да се подобрат односите меѓу специјалните служби на Русија и САД – Кремљ и понатаму ги смета САД за „главен непријател“, изјавуваат авторите во списанието.

The Washington Post пишува дека големиот публицитет на овој скандал во руските медиуми, како и давањето на подробни информации за апсењето на Рајан Фогл – предизвикале многу шпекулации, со што може да се каже дека ова е планиран обид да се претстават Американците како луѓе „кои го пикаат носот каде не треба“.

Сепак, Русија не е намерена да го искористи инцидентот за влошување на односите со САД во поширока смисла, се забележува во материјалот. Од своја страна, пак, The Independent го пренесува мислењето на експертите кои сметаат дека засилувањето на разузнавачката дејност на Москва на Западот ќе доведе до исти акции и во другите земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.