Во Русија ќе се појави првиот дигитален систем за противракетна одбрана кој ќе ги поврзи веќе постоечките ракетни системи, радари и системи во една единствена дигитална мрежа со висока брзина за пренос на информации. Новиот систем за прв пат ќе биде ставен во функција оваа есен во Московската област.
Со помош на автоматизираниот систем за раководење, на командниот пункт ќе бидат претставени податоците за сите радари, авиони за надзор и контрола на воздушниот простор и вселенските радари кои се приклучени на овој систем. Новите противракетни системи и радари во оваа мрежа ќе бидат интегрирани по модуларен принцип.
Воените експерти тврдат дека создавањето на единствена дигитална мрежа за раководење со системите за противвоздушна одбрана значајно ќе го унапреди функционирањето на постоечките системи за вооружување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче