Во Москва очекуваат од Бразилецот Роберту Азеведу да ги разгледа процедурите за прифаќање решенија од СТО и поедноставување на достапот до пазарот на земјите во развој.
Новиот шеф на Светската трговска организација (СТО) за прв пат е претставник од Латинска Америка - 55 годишниот дипломат од Бразил, Роберту Азеведу. Тој победи во натпреварувањето со девет други кандидати, вклучувајќи претставници од Мексико, Јордан, Јужна Кореја. Експертите сметаат дека новиот шеф на СТО ќе донесе повеќе корист на земјите во развој, а особено на БРИКС.
„Назначувањето на Бразилецот Азеведу - тоа е признавање на растечката улога на земјите во развој и нивните економии во глобалното стопанство“, кажува советникот во Институтот за современ развој, Никита Маслеников. „Ова значи и засилување на позициите на БРИКС“.
„Бразил и Русија имаат заеднички проблеми и нормални деловни односи, и со Азеведу Москва ќе може полесно да се договори за прашањата кои ги тангираат властите и стопанството во Русија“, изјави поранешниот директор на бирото за зачленување на Русија во СТО, Алексеј Портански.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче