Во Москва на 29 мај ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Русија и Заедницата на латиноамерикански карипски земји во проширен состав, во кој влегуваат Куба, Чиле, Костарика и Хаити.
За време на состанокот учесниците ќе го разгледаат заедничкиот документ со кој се „одржува усогласеноста на пристапот кон проблемите на современиот светски поредок и меѓународните агенди“.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи изразена е надеж дека во наредните години Русија ќе се договори со сите земји од Латинска Америка за укинување на визите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче