Една од најпознатите и ефективни опсерватории, која чини 690 милиони долари, за делче од секундата можеше да ја заврши својата работа и постоење доколку се судреше со нефункционалниот советски шпионски сателит „Космос-1805“ на 4 април 2012 година. Податоците за ова во НАСА ги добија дури после една година од инцидентот.
На 4 април минатата година двата апарата се движеле по перпендикуларни орбити и прелетале на 213 метри еден од друг.
На 19 февруари 2009 година руски сателит се судри со сателитот Iridium 33, што предизвика појава на многу парчиња вселенско ѓубре кое го наполни пространството околу Земјата.
Драматизмот околу возможниот судир пред една година е во тоа што сателитите патуваат со брзина од 17 километри во секунда, па евентуалниот судир би бил еквивалентен на 2,5 тони експлозив.
Апаратот „Космос-1805“ тежи речиси половина тон и е лансиран од Советскиот Сојуз во 1986 година. Истиот служел за следење на сигналите на воено-морските сили. Функционирал како дел од советското и руското контраразузнавање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче