Енрике Иглесијас и Ана Курникова ќе се венчаат следната недела во Мајами

Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас и поранешната руска тенисерка Ана Курникова ќе се венчаат следната недела во Мајами.

Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас и поранешната руска тенисерка Ана Курникова ќе се венчаат следната недела во Мајами, пишува во вторникот британскиот таблоид Sun, повикувајќи се на извор близок до познатиот пар.

Точната дата на свадбата не наведена, но изворот забележа дека на свадбата веќе се поканети Џенифер Лопез, Дејвид Бекам со сопругата, Ева Лонгорија, Луис Хамилтон и други.

Кирникова е двократна победничка на турнири во тенис, поранешна прва ракетка во парови и јуниори. Професионалната кариера ја заврши во 2003 година. Во 2010 година Курникова изјави дека добила американско државјанство.

Иглесијас е еден од осумте деца на познатиот шпански естраден пејач Хулио Иглесијас. Мајката на Енрике е Елизабет Прејслеј, родена на Филипините. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња