Apple ги контролира партнерите на ист начин како што Северна Кореја ги контролира своите медиуми

Apple ризикува да остане без последниот партнер од „големата тројка“ во Русија.

„Вимпелком“ не го продолжи договорот со Apple за продажба на iPhone, изјави за „Ведомости“ извор во компанијата за мобилни услуги. Претходниот договор истече на 31 март.

Според менаџерот на фирмата, Ана Ајбашева, американската компанија има премногу високи барања за „маркетиншко ширење“на пазарот. Меѓу другото, Apple бара руската компанија самата да ја плаќа рекламата за рекламирање на iPhone, а исто така, решенијата за местата за рекламирање да ги избира Apple.

Стариот договор засега е пролонгиран барем на шест месеца, а претставникот од Apple  се откажа од коментари.

Продажбата на iPhone во Русија започнаа есента во 2008 година. Тогаш договори со оваа компанија склучија операторите на „големата тројка“ во Русија. „Мегафон“ го раскина договорот со Apple во 2010 година, а МТС – во 2012 година.

Со Apple одбиваат да соработуваат не само руските оператори. Според податоците на Блумберг, China Mobile и јапонскиот NTT DoCoMo се пожалиле дека Apple бара неприфатливи услови за соработка, а генералниот директор на Tele2, Матс Гранрис изјави дека Apple ги контролира партнерите на ист начин како што Северна Кореја ги контролира своите медиуми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња