Велигденско обраќање на Кирил

По повод Велигден дел од пораката на рускиот патријарх.

По повод најголемиот православен празник Христовото Воскресение, Велигден ви пренесуваме дел од честитката на Поглаварот на Руската православна Црква, Патријархот Московски и серуски, Кирил:

„Христос васкресна, драги браќа и сестри! На сите срдечно ви го честитам големиот и спасоносен празник на Христовото Воскресение. Господ навистина не спаси со Своето воскресение. И за да се разбере што се случи со нас, со човековиот род, можеби би било умесно да го наведеме следниот пример: 

Замислете дека некој на себе ги зел сите злодела и како невин претрпел страшна казна. И благодарение на оваа казна сите злосторници добиле слобода. Христос направил нешто слично. Но, под еден услов - тој не ги отвори на сите нас, што сме грешеле пред Бога, ширум вратите на нашите ќелии, туку само ги скина катанците. А дали ќе ја отвориме вратата и излеземе на слобода, или ќе останеме во ќелија - тоа веќе е наш слободен избор.

...

Да се биде слободен, не е едноставно. Секој знае колку е тешко да се одбрани слободата и независноста на државата. За тоа понекогаш се потребни натприродни напори. Исто така не е едноставно да ја браниш и личната слобода од мноштвото привиди, од мноштвото искушенија и предизвици на мрачните сили кои ни се нудат за да не оттргнат од спасоносниот пат.

Христовото Воскресение е празник на победата и празник на слободата. Со ова чувство и го пречекуваме овој свет ден. И да донесеме, по мера на сопствената сила, одлука да одиме в пресрет на воскреснатиот Спасител, да одиме кон слободата во Христа, низ онаа врата што Тој ни ја отвори, правејќи добри дела и вистина, помагајќи на сите оние на кои им треба нашата помош, поттикнувајќи на мир, праведност и љубов меѓу луѓето.

Навистина Христос Воскресна!“

Со дел од оваа порака на Патријархот Московски и серуски Кирил и редакцијата на Руска реч на македонски ви го честита големиот христијански празник Велигден.

Христос Воскресе, Навистина Воскресе!


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња