Преку Северниот пол до Канада

Седумина Руси со автомобили-амфибии стигнаа преку Северниот пол до Канада.

Седумина Руси, учесници на „Морска ледена автомобилска експедиција“ во најтешкиот потфат на 21 век, стигнаа до Канада преку Северниот пол. За 61 ден од рускиот брег преминаа 2632 km, од кои 2430 km пловеа по санти мраз.

Крајна точка на експедицијата е градчето Резолут на островот Корноволис, а за да стигнат до таму, оваа група авантуристи, предводена од Василј Елагин (инаку конструктор на амфибиски возила), мора да помине уште 1600 km. Според информациите, возилата „Емела 3 и 4“ се во добра состојба, а резервите на дизел-горивото се околу еден тон.

Откако авантуристите ќе стигнат до Резолут, планот е возилата да останат таму се до февруари 2014 година, кога треба да се вратат по нив и да го продолжат патот на запад долж канадскиот брег, преку Беринговиот мореуз, назад во Русија, и така да го затворат кругот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња