Русите сѐ помалку го празнуваат 1 Мај

Според анкетата на „Левада-центар“, бројот на оние кои го прославуваат 1 Мај достигна минимум за една деценија.

Бројот на луѓе кои ќе го прослават 1 Мај оваа година е минимален. Социолозите го поврзуваат ова со сѐ поскептичниот однос на луѓето кон она што се случува во нивната држава. Експертите, пак, забележуваат дека неславењето зборува за растот на протесните расположенија.

Според анкетата на „Левада-центар“, оваа година за прослава на 1 Мај ќе се подготват 52% од населението. Тоа е најмал број во последнава деценија: во 2012 дури 59% изјавиле дека ќе слават, а во 2011 - 58%.

Истовремено незначително, од 10 на 16% порасна бројот на луѓето кои се подготвени да излезат на демонстрација против политиката на власта. Притоа, уделот на тие кои ќе земат учество во акциите за поддршка на раководството на државата веќе неколку години е неизменет - 17%.

Заменикот-директор на „Левада-центар“, Алексеј Гражданкин ја наоѓа причината за намалување на желбата за славење во растот на протесните расположенија кај луѓето.

„Луѓето одново почнаа да го слават 1 Мај на почетокот-средината на 2000-те, кога нивната материјалната состојба се зголеми. Оваа година имаме вакви резултати поради тоа што во општеството се зголеми песимизмот. Луѓето сѐ помалку веруваат дека тие ќе можат да влијаат на состојбата во државата, во својот град“, изјави Гражданкин.

Комунистите на 1 мај ќе одржат традиционални протести и митинзи во чест на Денот на меѓународната солидарност на работниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.