Батерија од 8 боеви машини „Тигар“, опремени со противтенковска управувана ракета „Корнет“ може да замени цела противтенковска дивизија. Ова денес го соопшти генерал-полковник Владимир Чиркин за време на посетата на 106-та Гвардиска воздушна дивизија во Тулската област, каде што присуствуваше и вице-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.
„Осум вакви машини имаат по 16 управувани ракети, и истите можат, според својата ефективност, да заменат цела артилериска дивизија“, изјави Чиркин.
Вице-премиерот додаде дека една ваква машина може да уништи 16 тенкови, т.е. е во состојба да се бори ефективно со цела тенковска чета. „Јас сметам дека оваа машина има добар извозен потенцијал“, додаде Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче