Во Русија од Google сѐ почесто се бара бришење на содржини

Властите на Русија 19 пати почесто побарале бришење на содржини од Google во втората половина на 2012 година, отколку од периодот од јануари до јуни истата година.

Властите на Русија 19 пати почесто побарале бришење на содржини од Google во втората половина на 2012 година, отколку од периодот од јануари до јуни истата година. Во компанијата забележаа дека повеќето барања се поврзани со прифаќањето на законот за црниот список на сајтови. Google и YouTube се лидери според забранета информација според новиот закон.

„Ако во првата половина од 2012 година ние добивме шест барања за бришење на содржини, во втората половина добивме 114, од кои 107 поради новиот закон“, се кажува во извештајот на Google. Освен тоа, компанијата забележа раст на слични барања во Бразил - од 191 во првата половина на 2012 - до 697 барања кон крајот на 2012 година.

На 1 ноември 2012 година во Русија стапи на сила законот „За заштита на децата од информации кои можат да нанесат штета на нивното здравје и развој“. Тој предвидува создавање на специјален регистар на забранети интернет-страници. Во тој список најчесто се најдуваат интернет-страници кои содржат детска порнографија, пропаганда за наркотици и самоубиства. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња