На руските ректори им објаснија зошто нивните универзитети не се во стоте најдобри во светот

Руските универзитети наскоро нема да успеат да се најдат во топ-100 високообразовни институции во светот.

Руските универзитети наскоро нема да успеат да се најдат во топ-100 високообразовни институции во светот. Ваквото мислење го даде еден од составувачот на трите водечки рејтинзи QS World University Rankings за време на средбата со раководството на руските универзитети. Претходно зголемувањето на рејтинзите стана задача и на владата на Русија, за што беа изделени 220 милиони евра. Според зборовите на експертите, сериозните државни инвестиции нема да помогнат во искачувањето на универзитетите во официјалните рејтинзи сѐ додека истите не започна сериозно да се занимаваат со научни истражувања.

„Сега руското образование има само една предност - добар сооднос на бројот на наставници и студенти“, изјави шефот на истражувачкиот центар QS, Бен Саутер. Главна проблема на оваа гранка, според експертот, е тоа што науката е изделена од универзитетите. „Има многу малку универзитетски наставници кои објавуваат статии во водечки научни списанија. Со обично зголемување на инвестициите тоа не може да се поправи“, додаде Саутер.

Само Московскиот државен универзитет се наоѓа на 50-та позиција на светските најдобри универзитети според Шангајската листа. 

Според указот на Владимир Путин, до 2020 година руските универзитети треба да се најдат во топ-100 универзитетите во светот. За таа цел ќе бидат изделени средства и создадени посебни програми и планови за остварување на таа цел. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.