На 9 мај ниту еден облак нема да ѝ се приближи на Москва

Парадата и доброто време на 9 мај ќе чинат околу 160 милиони денари.

Парадата која ќе се одржи на Денот на победата над фашизмот ќе ги чини комуналните служби околу 100 милиони денари.

„Кога ја подготвуваме парадата, работат правосмукалки, разновиден вид техника за суво и влажно чистење на улиците, како и работници кои ги чистат недостапните места“, изјави чиновник во градската управа.

Притоа, трошоците за санирање на асфалтот после минувањето на тешката воена техника се компензираат од федералниот буџет на Русија. Чиновникот забележа дека не се очекуваат големи повреди на асфалтниот слој, освен во случаите каде воената техника треба да заврти за 90 степени.

За да се осигури беспрекорноста на парадата на 9 мај, градот ќе потроши дополнителни 60 милиони денари за обезбедување контрола врз времето. Ниту еден облак нема да се приближи на 200 км од Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња