Руските медиуми ја потврдија информацијата дека српските воени сили сакаат да купат од Русија шест ловци МиГ-29М/М2 и две радарски станици.
Се очекува ова да биде објавено официјално кон крајот на годината, а деталите од договорот треба да бидат прецизирани за еден месец во Москва, за кога се планира посетата на првиот потпретседател на Владата на Србија и министерот за одбрана, Александар Вучиќ.
Србија поседува четири авиони МиГ-29 купени од Советскиот Сојуз уште во 1987 година, и неколку авиони МиГ-21.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче