Русија ќе отвори своја авио-база во Белорусија

Русија има план да отвори авио-база со авиони ловци во Белорусија.

Русија има план да отвори авио-база со авиони ловци во Белорусија. Првата ескадрила ловци ќе го преземе дежурството во оваа база во текот на оваа година. Ова го изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу за време на состанокот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Во текот на 2015 година во оваа база ќе биде создаден воздухопловен полк кој ќе ја штити руската граница. Освен тоа, Русија ќе ѝ испорача на Белорусија четири дивизии од ракетниот систем С-300 со цел да се заштити нејзиниот воздушен простор. Во план е и редовна размена на геостратешките информации меѓу белоруската и руската војска.

Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија во моментов работи на создавање на регионален систем за ПРВО, кој би требало да го заштити воздушниот простор и границите на сојузната држава. Освен тоа, Москва и Минск реализираат програма за воено-техничка соработка, чија цел е зголемување на одбранбената способност на Белорусија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња