Медведев: Законот против пушење ќе го спаси животот на стотици илјади луѓе годишно

Изгласаниот закон за забрана на пушењето на општествени места ќе ја намали зависноста на Русите од тутун.

Изгласаниот закон за забрана на пушењето на општествени места ќе ја намали зависноста на Русите од тутун и ќе дозволи секоја година да се спасат животите на 200.000 луѓе, изјави во средата премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.
„Тоа е бројноста на населението во еден поголем град по руски мерки“, додаде Медведев.

На 25 февруари претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша закон против пушење, според кој во државата ќе се активира забраната за пушење на јавни места, државни установи, хотели, универзитети, училишта, болници, стадиони, транспорт и т.н. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња