Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Владимир Илич Ленин.

На денешен ден е роден Владимир Илич Ленин (1870-1924), руски револуционер, лидер на болшевиците и прв премиер на советската влада (од 1917 до 1924). Вистинското презиме му е Улјанов.

Роден е на 22 април 1870 година во Симбирск (сегашен Улјановск).

Студирал на Правниот факултет во Казањскиот факултет, кој го завршува со голем успех.

Наскоро после завршувањето на факултетот заминува во Петроград, каде станува водач на група марксисти. Поради неговата активност е уапсен и поминал 14 месеци во затвор, а после тоа е осуден на тригодишно прогонство во Сибир.

До избувнувањето на Февруарската револуција во Русија во 1917 година, Ленин живее во странство.

Умира на 21 јануари во 1924 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња