Турција смета на руските нуклеарни научници

Турција смета дека Русија ќе биде еден од 3 или 4 кандидати за изградба на новите нуклеарни централи.

Турција смета дека Русија ќе биде еден од 3 или 4 кандидати за изградба на новите нуклеарни централи, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Танер Јилдиз.

Претходно турското министерство за енергетика изјави дека планира да изгради две нуклеарни станици до 2023 година, покрај првата која во моментов се гради од Росатом.

„Се надеваме дека до крајот на месецот ќе бидат завршени преговорите со Јапонија и Кина околу втората нуклеарна централа“, изјави министерот за време на меѓувладината руско-турска комисија за трговија и соработка, одржана во Анталија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња