Владимир Путин прими писмо од помошникот на претседателот на САД, Томас Донилон. Писмото е напишано лично од Обама.
„Писмото е напишано со конструктивен тон и содржи предлози за продлабочување на дијалогот и соработката. Идеите кои се однесуваат на некои прашања веќе се познати, но за други прашања постојат нови елементи кои нашата страна ќе ги проучи и на кои ќе одговори“, изјави помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков. Според неговите зборови, писмото се однесува на политиката, воено-индустрискиот комплекс, противракетната одбрана и економијата.
„Разговорот меѓу Путин и Донилон имаше позитивен карактер3, изјави Ушаков. На состанокот се разговарало за ситуацијата во Кореја. Русија и САД имаат допирни точки околу тој проблем. Путин ја искористи оваа прилика да нагласи дека поканата Обама да дојде во посета на Русија и понатаму е отворена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче