Кадиров: Горд сум што не сум пожелен во Америка

Првиот човек на Чеченија, Рамзан Кадиров со иронија реагираше на медиумските извештаи дека неговото име најверојатно се наоѓа во „списокот Магнитски“.

Првиот човек на Чеченија, Рамзан Кадиров со иронија реагираше на медиумските извештаи дека неговото име најверојатно се наоѓа во „списокот Магнитски“.

„Само што дознав од новинарите дека можеби сум на некој „список Магнитски“. Штом јас слушнав оваа информација, ја вратив картата за Америка и никогаш повеќе нема да ја земам“, се пошегува чеченскиот лидер.

Тој истакна дека воопшто не го загрижува тоа дали тој е на листата. „Никогаш сум немал сметки во САД, ниту сум се занимавал со бизнис, а доколку зборуваме за развој - најдобра земја за тоа е Русија. Горд сум што сум Русин кој не е пожелен во Америка“, изјави Кадиров. Според неговите борови, Америка е земја која „во целиот свет шири беззаконие“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.