„Јандекс“ создава програма која ќе се управува со движење на рацете

Калифорниската филијала на „Јандекс“ создаде прототип на програма за читање вести од социјалните мрежи на телевизор.

Калифорниската филијала на „Јандекс“ создаде прототип на програма за читање вести од социјалните мрежи на телевизор. Управувањето со оваа програма е можно со помош на гестови, односно движење на рацете, се кажува во официјалното соопштение на „Јандекс“. Според зборовите на претставникот на рускиот пребарувач, Татјана Комарова, ова е експеримент кој го изведуваат соработниците на Јандекс Лаб заедно со студентите и професорот од Карнеги Мелон универзитетот во Силиконската долина. Задача на проектот е создавање на нов вид управување со телевизорот – персонализиран и интерактивен.

Засега се работи на прототипот, а не завршниот производ, и затоа тој засега нема да биде достапен за корисниците, додава Комарова. Таа не исклучува дека овие разработки ќе се користат во продуктите на „Јандекс“, но конкретни плани не наведува.

Програмата е создадена на платформа на Mac OS X, а за распознавање на движењата се користи Microsoft Kinect. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња