Големината на мајчинскиот капитал во Русија во 2016 година ќе надмине 12.500 евра, пишува РИА Новости, повикувајќи се на заменикот на министерот за труд на Русија, Алексеј Вовченко.
„До 2016 година вкупната големина на мајчинскиот капитал ќе изнесува повеќе од 12.500 евра. Ова се големи средства, и покрај инфлацијата“, изјави Вовченко.
Според податоците на Пензискиот фонд на Русија, од почетокот на програмата во 2007 година, сертификат за мајчински капитал добиле 4,2 милиони руски семејства. Правото за добивање на овој мајчински капитал го имаат семејствата во кои после 1 јануари 2007 година се родило второ (трето, четврто) дете.
Семејството има право да го троши мајчинскиот капитал за подобрување на станбените услови, зголемување на пензијата на еден од родителите, или за образование на едно од децата.
Во 2012 година мајчинскиот капитал изнесувал 9.600 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче