Продажбата на автомобили во Русија во март е намалена за 4%

Продажбата на автомобили во Русија во март се намали за 4%, до 244.030 продадени автомобили.

Продажбата на автомобили во Русија во март се намали за 4%, до 244.030 продадени автомобили. „Намалувањето на продажбите за 4% во споредба со истиот период минатата година го израмни растот на продажбите од јануари и февруари, во споредба со минатата година“, забележа претседателот на комитетот на произведувачи на автомобили АЕБ, Јорд Шрајбер.

„Една од можните причини за ова е долгата зимска сезона, додаде тој. Ние се надеваме дека со доаѓањето на пролетта кај купувачите ќе се зголеми активноста и ќе забележиме раст на продажбите во вториот квартал“.

Во првиот квартал има тренд на продажба на поевтини автомобили - Hyundai Solaris, Kia Rio, Volkswagen Polo, Renault Logan, Renault Sandero.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња