Русија го разгледува прашањето за евакуација на својата амбасада во Северна Кореја

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ѝ предложи на Москва да го разгледа прашањето за евакуација на соработниците во руската амбасада.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ѝ предложи на Москва да го разгледа прашањето за евакуација на соработниците во руската амбасада поради заострувањето на ситуацијата на Корејскиот полуостров. Овој предлог е даден и на другите дипломатски претставништва во Северна Кореја.

Во моментов амбасадата на Русија работи нормално. Меѓутоа, во руското МНР изјавуваат дека безбедноста на дипломатите за Москва е приоритет.

Кон крајот на март Северна Кореја објави дека стапува во „состојба на војна“ со Јужна Кореја, што значи дека сите прашања меѓу двете држави ќе се решаваат по законите кои дејствуваат во воена состојба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња